Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на отворањето на регионалната вежба „Странски терористички борци: Промовирање на превенција и отпор“.
На настанот ќе се обратат и американскиот амбасадор во земјата Џес Бејли, како и амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Нина Суомалаинен.
Регионалната вежба е заеднички организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадата на САД и Конзорциумот Партнерство за мир, во соработка со Канцеларијата на Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот и ќе вклучи учесници од Националниот комитет, невладини организации, медиуми, експерти и верски заедници од земјата и од регионот.
Целта на вежбата е зајакнување и подобрување на пристапот во земјата во борбата против тероризмот и ширењето на насилниот екстремизам и радикализација што води кон тероризам, како и зголемување на регионалната соработка.