Бочварски: Недостигаат средства за исплата на плати на општинската администрација

Од:

Над еден милион денари недостига за општинската администрација навреме да ја земе својата плата, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На сметката на општина Штип на 31 октомври, кога претходниот градоначалник си заминал имало 4.352.838 денари, но во рок од само два дена, односно до 3 ноември извршена е исплата кон градежни фирми во износ од над еден милион денари.

– Моето пристигнување во општината на 3 ноември на сметката на општина Штип 3.397.669 денари. Што значи, дека за околу еден милион денари е испразнета сметката откако е направен извештајот, со кој е излажана штипската јавност. Затоа денеска службите ме информираат дека вработените не можат да земат плата, бидејќи овие пари не се доволни за да се исплати платата, која веќе доцни, вели Бочварски.

Тој истакна дека веќе од негова страна се прават напори за да се обезбедат средствата за да општинската администрација да си ја добие заработената плата.

Бочварски вели дека деновиве се очекува плата да добијат и околу 400 вработени во штипското Комунално претпријатие „Исар“, каде што на сметката недостасуваат уште три милиони денари.

Тој имал средба со директорот на ЈП „Исар“, на која што бил информиран за тековните состојби во претпријатието. Во наредниот период очекува коректен однос од двајцата актуелни директори на јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“, а негова заложба, рече, е граѓаните беспрекорно да ги добиваат сите услуги од страна на локалната власт, навреме да се санираат дефектите на водоводната и канализациската мрежа, како и редовно да се собира сметот и Штип да има чисти улици.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он