Тетовската сообраќајна полиција со активности во пресрет на зимската сезона

Од:

Тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај стартуваше со првите од повеќето планирани информативно-превентивни активности во пресрет на зимската сезона, под мото „Внимание, зима на патот“!, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, денеска бил одржан заеднички состанок со претставници на локалните самоуправи од тетовското подрачје, фирмите задолжени за зимско одржување на патиштата и Јавното претпријатие „Македонија пат“ при што се резгледале нивните досегашни конкретни, практични подготовки и се договориле следните чекори на овој план.

– Утре и наредните денови на неколку пунктови во Тетово и непосредната околина ќе се дистрибуираат наменски изработени флаери на македонски и албански јазик со совети за возачите како и што да прават и направат, односно како да се однесуваат во сообраќајот во претстојните зимски месеци. Вкупно ќе се дистрибуираат над 400 вакви флаери, додека на повеќе места, наплатни рампи, јавни објекти, станици за технички прегледи и други објекти, ќе бидат истакнати посебни плакати со истата содржина и намена, рече Јосифовски.

Целта на ваквите активности, додаде, е да се придонесе за поголема информираност на возачите не само кога станува збор за обврската за задолжително поседување на зимска опрема што ќе започне на 15-ти овој месец, туку и за другите поединости поврзани со управувањето возила во зимски услови, опремата и слично

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски