Разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, по кого Шпанија трага со европски налог за апсење, се предал утринава на федералната полиција во Брисел, соопшти портпаролот на обвинителството.
Заедно со Пуџдемон биле уште четворица, обвинети од шпанските власти, поранешни членови на распуштената влада на Каталонија.
Петмината обвинети биле одведени во обвинителството, а белгиски судија ќе одлучи во рок од 24 часа, а најдоцна до 9.17 часот утре изутрина, дали да ги остави во притвор, или да ги ослободи со кауција. Ова попладне петмината ќе бидат сослушани.
Од полицијата, петмината Каталонци биле однесени во канцеларијата на обвинителот со полициско комби. Тие нема да бидат со лисици на рацете, освен ако не се смета дека претставуваат закана за полициските службеници кои ги придружуваат. Тие можат да бидат задржани во притвор најдолго 60 дена – време за кое белгискиот суд треба да процени дали да ја изврши наредбата издадена од Шпанија тие да бидат уапсени и екстрадирани.
Одлуката на судот може може да биде обќалена, пред да се спроведе, наведе обвинителството. Ако утре им биде одреден притвор, тие ќе бидат одведени во истражен затвор.