МВР: Отворено ќе разговараме за изнаоѓање решенија за барањата на полициските синдикати

Од:

Министерството за внатрешни работи е отворено за разговор и изнаоѓање решенија за секое барање или предлог на синдикалните организации на полициските службеници и други вработени во институцијата, соопшти МВР во врска со денешниот протест на Независниот синдикат на полицијата.

Тие ги повикаа претставниците на полициските синдикати на заедничка средба на која ќе бидат дискутирани сите проблеми.

– По доаѓањето на актуелното раководство на МВР преземени се низа чекори за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството. Во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема, како што се униформи и чизми, нешто што се нема случено речиси цела деценија, се вели во соопштението на МВР.

Нагласуваат дека досега не ниту одбиле каков и да е синдикален предлог, ниту пак имаат намера во решавањето на проблемите да ги исклучи полициските синдикати. – Напротив, сметаме дека само заеднички можеме да дојдеме до најоптималните решенија, истакнуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он