Никогаш досега објавена фотографија на починатата Дајана од помладите денови за која еден британски таблоид сметал дека е премногу интимна за да се најде во печатот, ќе се најде на аукција во САД подоцна во текот на овој месец.
На црно-бела фотографија од 80-те е прикажана Дајана, која најверојатно се наоѓа во планинска колиба, како се смее кон објективот додека удобно лежи потпрена на скутот на непознат маж кој чита книга.
Покрај проозорецот се наоѓа шише виски, но она што е најинтересно се зборовите „не објавувајте“ кои се испишани преку фотогртафијата со мрсно моливче кое во тоа време го користеле уредници на фотографии.
На грбот на фотографијата стои дата 26. 02. 1981 година – два дена откако Бекингемската палата ја објавила веридбата на принцот Чарлс и Дајана Спенсер.