Повеќе од 20-тина artisans – уметници преку 18 брендови на Есенскиот базар во трговскиот центар во City Mall ги покажаа пред јавноста своите најнови креации како филигран и модерен накит, рачно изработени чанти и чевли, дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, уметнички слики, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој.
Станува збор за имиња и брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani Soro, Shoewondercrafts, Woodyz, Morpho, Kare workshop, Little things, Farina’s handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls – amigurumi, Mighty jewlery, Bulberry и Windmill Shop.
Фото: Томислав Георгиев