Кошаркарите на Анадолу Ефес се единствените без победа по 5. коло во Евролигата. Тие вечерва на домашен терен претрпеа пораз од Уникаха Малага со 79:74.
Гостите до победата стигнаа откако последниот период го добија со 26:15 и негативата од шест поени по третуиот период ја претворија во позитива.
Петтиот пораз во серија може набрзо да донесе и отказ за тренерот Велимир Перасовиќ на клупата на турскиот тим.
На вториот дуел од 5. коло одигран денеска, ЦСКА Москва минимално со 94:91 го победи Жалгирис.
Сега ЦСКА има скор од 4-1 (победи-порази) исто како и екипите на Реал Мадрид и Химки.
Без пораз досега во Евролигата е само Олимпијакос екипа која вечерва гостува кај Барселона. Тоа е воедно и последниот дуел од оваа рунда.