А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Првпат истражуван локалитетот Кале–Отовица во реонот на велешкото езеро „Младост“

by А1он03/11/2017 - 20:36241
Share0

Екипа на Народниот музеј од Велес во текот на октомври првпат истражуваше на локалитетот Кале-Отовица на територијата на велешкото езеро „Младост“.

Добивај вести на вибер

Како што информира за медиумите археологот д-р Анита Василкова Мидоска, раководител на проектот, истражувањата се одвивале со сондажни археолошки ископувања.

Според неа, основната идеја и цел на овие истражувања била да се утврди обемот на населбата, неговата стратиграфија и хронологија на егзистирање. Гледајќи во поширок контекст иницијалниот поттик на предложениот проект има двостран бенефит.

Таа појаснува дека оваа идеја во себе содржи повеќестран и повеќеслоен пристап кој во себе би ги инкорпорирал основните вредности на еден локалитет, а тоа е пред сѐ научната вредност, потоа културното значење, а особено збогатување на туристичката понуда на областите околу езерото Малдост кое во последните години привлекува голем број посетители.

– Самиот локалитетот е лоциран на едно возвишение на крајниот источен огранок од ридот Бајраче, до јужниот раб на езерото Младост и со својата позиција имал стратегиска важност, контролирајќи ја целокупната Велешка котлина и Отовичкото поле. Сепак, и покрај своето воено-стратешко значење локалитетот досега не е археолошки истражуван и сите сознанија се базираат врз основа на рекогносцирања или случајни наоди. Тој е определен како refugium (прибежиште/збег) кој егзистирал во доцноантичкиот период иако на локалитетот, случајно, се пронајдени 13 монети од последните кралеви на македонската династија, Филип V и Персеј, појасни Василкова Мидоска

veles

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски20/09/2025 - 15:2220/09/2025 - 15:38

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:40

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Горан Наумовски17/09/2025 - 18:57

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Катерина Ѓуровски16/09/2025 - 14:21

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен