Студентите од три правни факултети дебатираа на втората студентска конференција

Од:

„Студентска мисла во правото, политиката и општеството“ е втората студентска научна конференција, која денеска се одржа на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а во соработка на мисијата на ОБСЕ.

Универзитетскиот професор Ана Никодиновска-Крстевска вели дека денешнава студентска конференција се реализира во рамките на проектот „Превенции од дискриминација, говор од омраза и криминал од омраза“.

– Конкретно денешнава конференција ја организираме и во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и Правниот факултет од тетовскиот универзитет. Темата на оваа конференција се решивме да биде поопширна, да опфати повеќе теми од правото, од областа на политиката, со цел да им дадеме можност на студентите да се вклучат во овие истражувачки води, да дискутираат, да даваат нови концепти, нови идеи, рече Никодиновска-Крстевска.

Во рамките на втората студентска конференција имаше три сесии, а 24 учесници, односно студентите ги изнесуваат своите истражувања, во делот на правото, политиката и општетство. Најголем интерес за темите студентите за оваа конференција имаат во делото на казненото право, меѓународните односи и политиката.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он