Сервисна улица и потпорен ѕид во населбата Козле

Од:

Во населбата Козле денеска е поставена првата асфалтна подлога на кракот од улицата „Ловќенска“ во должина од 70 метри и широчина од четири метри. Изведувач на градежните работи е фирмата „Жикол“, а општина Карпош за овој проект инвестираше околу 2.800.000 денари.

– Новопроектираната улица треба да обезбеди директен пристап на граѓаните до своите домови, соопшти општина Карпош.

Во продолжение на коловозот, општина Карпош изгради и потпорен ѕид во должина од 45 метри, кој треба да го реши проблемот со надојдените атмосферски води и свлечишта, со кој се соочуваат жителите од овој реон. Целата инвестиција, заедно со поставување на потпорниот ѕид и асфалтирањето на улицата ја чини општината над 4.200.000 денари.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец