(ВИДЕО) Обвинители од СЈО: Во 26 „бомби“ нема ниеден приватен разговор

Од:

Апелациониот суд на јавна седница одлучува дали 26-те бомби во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ може да бидат доказ во постапката.

Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми рече дека обвинетите Никола Груевски и Миле Јанакиески не може да се повикуваат на повреда на приватноста од јавната власт, бидејќи тие биле власт кога траело прислушувањето, а освен тоа и во роднински врски со Сашо Мијалков кој заедно со функционери во УБК се директно одговорни за прислушувањето.

„Не може да ги штитиме од нив самите“, рече Рустеми.

Според обвинителката Лиле Стефанова од СЈО, во 26 снимки и смс пораки нема ниедна приватна снимка. СЈО бара Апелација да им ја прифати жалбата.

Адвокатот на обвинетите, Боро Тасевски се повика на еднаш отфрлените бомби како доказ од кривичниот суд, а потоа и генерално од Апелација.

„Докази не се креираат во истрага“, рече Тасевски и повтори пред судиите дека бомбите не се прибавени законски.

Обвинителот на СЈО рече дека обвинетите разговарале како да го уриваат Космос.

Во април 2016 година беше отворен случајот за незаконското уривање на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Иако првично не беа опфатени во истражната постапка, поради аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, осомничени во случајот „ТНТ“ се и експремиерот Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и ексградоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Осомничена е и градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Инспекторката е осомничена дека донела незаконска одлука за рушење на комплексот Космос на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски.

Членовите на комисијата за набавки пак се товарат за незаконска набавка на динамит со кој бил урнат Космос.

Претходно, советот што го предводи експретседателката на судот, Татјана Михајлова, одлучи бомбите да не бидат доказ во постапката за случајот ТНТ иако Аплеација веќе донесе решение за случајот „Насилство во Општина Центар“, во кој бомбите ги прогласи за доказ.

На ист начин советот на кривичниот суд одлучи и во предметот „Топлик“. Тезите на одбраната се дека бомбите не може да бидат доказ во постапката бидејќи се стекнати на незаконит начин, како и дека судиите не треба да ги ценат претходно донесените одлуки на скопска Апелација, која во два наврата одлучи бомбите да бидат доказ во постапката.

В.М.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

СБУ: Руси поставиле експлозиви во продавници во Киев, планирале терористички напад

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта