Италијанските власти блокираа употреба на кредитни и дебитни картички во Ватикан заради нетранспарентно работење.
Тој потег може на Ватикан да им го отежне остварувањето на големи и важни приходи, а италијанската централна банка се одлучи бидејќи е оценето дека Ватикан нема систем за контрола и спречување на перење пари.
Работењето на Ватиканската банка долго време беше тајна и со години траат истраги за перење пари. Во најпознатиот банкарски скандал во Ватикан беше вмешан директорот на Банко Амбросиано, Роберто Калви кој беше познат како „Божји банкар“ и пронајден обесен на лондонски мост во 1982 година. Откако беше откриен скандалот, околностите за неговата смрт останаа неразјаснети.