Сириските владини сили вечерва целосно го презедоа градот Дејр ез-Зор, кој досега беше под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД), соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
– Градот е под контрола на сириските владини сили, изјави директорот на Центарот со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.
Ваквата информација засега не е потврдена од страна на сириските власти.
Претходно денеска, сириските државни медиуми јавија дека владините сили започнале голема офанзива кон Дејр ез-Зор, град во чија околина има повеќе извори на нафта и се наоѓа во близина на границата со Ирак.
Според Рахман, во офанзивата сириските владини сили, со кои командува генерал Сухејл ал Хасан, познат под прекарот Тигар, биле поддржани од руски авиони.