Кошаркарите на Црвена Звезда го претрпеа првиот пораз на домашен терен во Евролигата, откако вечерва во натпревар од 5. коло загубија од германски Бамберг со 75:69.
На овој дуел поради повреда не настапи поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ.
„Црвено-белите“ дуелот го загубија во првиот период кои им припадна на гостите со 30:18. Ова за првакот на АБА лигата е вкупно трет пораз.
Најефикасен на дуелот беше Тејлор Рочести од Црвена Звезда со 22 поена.
На вториот дуел одигран вечерва европскиот првак Фенербахче ја оправда фаворитската улога и ја совлада Валенсија со 79:66. За Фенербахче ова беше трета победа сезонава.
Во тек се натпреварите: Басконија – Панатинаикос, Макаби – Милано, додека во 21 часот почнува дуелот Реал Мадрид – Химки.
Утре се играат другите три дуели од 5. коло од Евролигата.