(ВИДЕО) 2012. низ призмата на СДСМ

Од:

2012 година остана зад нас. Еве како низ призмата на www.sdsm.org.mk и на официјалниот видео YouTube канал на СДСМ, SDSMTube се оценува она што ни се случи.

Јануари 2012 година –

За жал, минатата година започна со смртта на една голема личност, првиот претседател на Република Македонија, Г-нот Киро Глигоров.

„Горд сум на секој момент поминат заедно со овој голем човек и Прв Претседател на Република Македонија. Горд сум на она што заедно го постигнавме. Денес со неговото заминување завршува нашето дружење и соработка. Но остануваат нашите заеднички желби, надежи и визии за иднината на нашиот народ и држава“, рече меѓу другото претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

СДСМ отвори Книга на жалост во своите партиски простории, а илјадници луѓе доаѓаа да се потпишат во Книгата, како и да запалат свеќа, оддавајќи му последна почит на претседателот Глигоров. Исто така, беше отворена и он лајн Книга на жалост каде стотици граѓани ширум светот ги напишаа своите пораки и изрази на почит.

„Горди сме што делевме исти идеи, што водевме заеднички битки, што спроведувавме заеднички политики“, беше истакнато на Комеморативната седница по повод смртта на великанот Глигоров, која се одржа во неговата матична партија, СДСМ.

Овој месес, Државниот завод за ревизија потврди дека аферата „Патриотска метла“ која ја отвори СДСМ е точна, како и дека проектот Скопје 2014 е најкриминалниот и најзабеганиот проект на владата на Никола Груевски. На 17 Јануари 2012 година од Велес започна и серијата на трибини на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски низ цела Македонија. „Нема да дозволиме рестартирање на Топилницата“, беше главната порака од трибината. Власта предводена од ДПМНЕ продолжи со расипничкото владеење и во 2012 година. Продолжија зголемувањата на цените, но и меѓуетничките тензии, а власта предводена од ДПМНЕ и ДУИ не превземаа ништо. СДСМ побара и укинување на административните такси за студентите како и укинување на давачките за фирмарина, но Владата се оглуши на ваквите барања, продолжувајќи расипнички да троши и да се луксузира додека цела Македонија и сите наши граѓани се повеќе тонат во сиромаштија. Истовремено, власта ја укина и социјалната помош за најсиромашните граѓани.


Февруари 2012 година –

Уште на почетокот на Февруари 2012 година, СДСМ побара Владата да ги прилагоди трошењата на состојбите во македонската економија, односно да престане да се луксира, додека државата и граѓаните осиромашуваат. На трибина во Кавадарци претседателот Црвенковски повторно предупреди дека „Владата врши невиден арач врз своите граѓани“. Градоначалниците од ДПМНЕ продолжија лажно да се фалат за постигнати резултати на локално ниво, а само во Општина Карпош, која е цел на постојани напади од Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, има повеќе инвестиции и инфраструктурни објекти отколку во цел Град Скопје.

На 11 Февруари 2012 година, СДСМ го конституираше Советот на СДСМ. Инфо за неговата намена и членови тука. Продолжија трибините на претседателот Црвенковски низ цела Македонија. Тие беа масовно посетувани, а граѓаните се почесто отворено зборуваа за ненародното владеење на Груевски и со последиците кои се соочуваат. Во текот на месецот се одржаа и повеќе меѓународни конференции и настани, а СДСМ уште еднаш потврди дека нема друга алтернатива за Македонија, освен членството во ЕУ и НАТО.

На големо најавуваниот владин проект „Купи куќа, купи стан“ доживеа фијаско. СДСМ даде неколку предлози на македонската Влада за тоа како проектот “Купи куќа купи стан” да опстане и на вистински начин да им помогне на граѓаните полесно да обезбедат сопствен дом. Градот Скопје повторно се прослави со скандал. Трајановски му префрлил на својот партиски колега Бичиклиски 3,5 милиони денари за наводни спортски проекти.

На крајот од месецот, СДСМ излезе со Пакет-итни економско-социјални мерки за преживување во 2012 година. За жал, власта и овојпат се оглуши на добронамерните предлози на СДСМ, останувајќи замотана во сопствената суета, расипништво и негрижа за граѓаните.


Март 2012 година –

На почетокот на месец Март 2012 година Груевски и ДПМНЕ продолжија да ја менуваат и редефинираат Македонската историја. Крвници и убијци на Македонскиот народ беа величени во предлогот на ДПМНЕ за преименување на улици и булевари во Скопје и цела Македонија.

„Власта носи стратегии и закони кои се родово слепи, а граѓаните последиците од тоа ги чувствуваат на сопствена кожа“, порача координаторката на Клубот на жени на СДСМ, Цветанка Иванова во својата 8мо Мартовска честитка. Денот на жената беше одбележан со 8мо Мартовски марш на жените во Битола, како и со Дебата.

Власта на Груевски покажа уште едно од своите авторитативни лица. Плашејќи се од големиот одзив на трибините на СДСМ, градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Конески, изврши притисок врз сопственик на приватен објект, со цел да се оневозможи одржување на најавената трибина на СДСМ. Затоа, СДСМ одржа протестен митинг пред седиштето на Општината.

И оваа 2012 година, власта продолжи да го партизира судството и да ја прави Македонија земја на политички затвореници, а пратеничката од СДСМ, Весна Бендевска беше уште еден доказ за партизираното судство. УМС на ДПМНЕ и другите политички подмладоци од владејачките партии одбија да ја потпишат Декларацијата за осуда на насилството меѓу младите, а власта продолжи да ги потценува меѓуетничките тензии. Граѓаните се повеќе во СДСМ гледаат излез од лошото владеење на власта на Груевски и Ахмети, а доказ за тоа се и собраните над 23 илјади потписи за поддршка на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Владата на Груевски одби да ја намали цената на бензините, грижејќи се за сопствениот луксуз и расипничко трошење. Истовремено, власта продолжи да ги раскрчмува и уништува Македонски железници. На седницата на ЦО на СДСМ одржана на 31 Март 2012 година беше заклучено дека оваа власт ја уништува Македонија на економски план. Исто така ЦО на СДСМ донесе одлука за проширување на Опозицискиот фронт.

Април 2012 година –

На почетокот на Април 2012 година се случи полициската акција „Детонатор“ која го извади на виделина криминалот во кој се замешани високи функционери на ДПМНЕ од источниот дел на Македонија и нивни роднини. „Зошто Јанкуловска дозволи и го толерираше ваквиот криминал“, беше прашано од партиската говорница.

Месецов уште една лага на власта излезе на виделина. Она што СДСМ го побара на почетокот на годината и предупреди дека ќе се случи се обистини. Владата ќе ја намали проекцијата за економскиот раст, ќе го крати буџетот и ќе ги скрати капиталните инвестиции. Повторно одговорност не сноси никој.

СДСМ до владата на Груевски достави неколку нови предлози: Три предлог законски решенија за подобрување на економската состојба, предлог за преполовување на казните, а власта ги игнорираше. Груевски го игнорираше и предлогот на СДСМ „Даночен празник“ со кој граѓаните за големиот христијански празник, Велигден ќе можеа од 8 до 18 часот да купуваат македонски производи ослободени од ДДВ, значи по многу намалена цена. Не само што ќе купеа поевтино прехранбени производи за прославување на Велигден, туку ќе купеа и многу други работи што им се потребни, а не можат да ги купат по редовна цена.

Антикорупциската комисија продолжи да биде продолжена рака на власта, фрчеа награди за лојалните партиски членови, а власта продолжи со обидите за поставување на споменици на крвници на Македонскиот народ и држава. Беше направен таков обид за поставување на споменик на Симеон Радев, Бугарскиот дипломат кој во Букурешт го потпиша договорот за распарчување на Македонија, на официјалната зграда на МНР. Во исто време, ДПМНЕ одбива да воведе државна награда „Киро Глигоров“ посветена токму на заслугите и делата на великанот Глигоров, првиот претседател на Република Македонија.

Во текот на месец Април 2012 година се случи свирепото убиство на 5мина невини луѓе кај Смилковското езеро. СДСМ повика институциите брзо да го разрешат случајот и со тоа да покажат дека имаат контрола врз ситуацијата. Така, и само така, ќе се спречи натамошна ескалација на состојбата, беше порачано на прес конференцијата.

Власта ја задолжи Република Македонија со нови 250 милиони Евра земени од Дојче банк. СДСМ продолжи да му укажува на премиерот Груевски и ДПМНЕ дека е потребно да престане со луксузирањата и да ги насочи парите кон граѓаните, наместо да се задолжува за да се саморекламира и гради споменици и статуи, но залудно. Во истиот момент кога не задолжија со нови 250 милиони евра, власта на Груевски „засади“ жални врби кои чинат неверојатни 250 илјади Евра. СДММ, по тој повод, на Груевски му подари исти такви жални врби кои на пазарот можат да се најдат по цена од само 250 денари.

Додека власта продолжи да ги крати платите на здравствените работници, вложувајќи ги во бронза и мермер, стигна и најновата идеја за изградба на Аква парк вреден неверојатни 3 милиони евра.

Економската состојба продолжи да биде катастрофална и во текот на месец Април 2012 година, а Владата наместо да ја санира состојба, беше и остана креатор на ваквата економска ситуација. Затоа, СДСМ поднесе интерпелација за работата на министерот за финансии, Зоран Ставрески. Месец Април 2012 година ќе остане запаметен и по неуспешниот обид за замајување на јавноста со таканаречениот „Нов бран“. Дали некој уште се сеќава на тоа?

Мај 2012 –

Секој Мај започнува со одбележување на 1 Мај – Меѓународен ден на трудот. Каква е состојбата во Македонија? Индустријата на колена, се кршат работничките права, сметките и цените на основните прехранбени производи во континуитет растат, се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните, а синдикатот повторно одмолче! Власта на вработените во фабриката „ОХИС“ им должи дотогаш цели 11 плати.

„Ако лани бевме во друштво со земји како Боцвана и Суринам, оваа година сме во друштво со Кенија и Конго. Србија, Босна, Албанија и Косово имаат послободни медиуми од нашите“, се вели меѓу другото, во извештајот на Фридом Хаус за Македонија. Македонија во пад од цели 17 места! Затоа, СДСМ предложи и поднесе до власта Национална стратегија за слобода на медиуми и право на слободен говор во Собранието на Република Македонија. Веќе по навика или инает, но секако не за доброто на државата и граѓаните, Груевски ја одбива и оваа иницијатива.

Заседаваше Дипломатскиот совет на СДСМ. Уште еднаш беше заклучено дека состојбите во кои се наоѓа судството се резултат на неговата партизација, како и дека има огромно влошување во делот на медиумите и администрацијата. Беше побарано од власта да преземе ефикасни мерки во спроведувањето на реформите. „Откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт, Македонија плати над 1 милијарда долари за увоз на скапа електрична енергија, во споредба со претходните 10 години кога Македонија не плати ниту 1 евро за увоз на струја“.

Општините Струмица и Куманово, кои се предводени од СДСМ се првите гасифицирани општини во Република Македонија.Додека Владата и Градот Скопје фрлаат пари за консултанти, споменици и жални врби, Скопјани дишат загаден воздух, а градоначалникот Коце Трајановски одбива повторно да ја пуши во употреба веб страницата која ја покажува загаденоста во Градот. Актуелната власт западна во уште еден мега скандал, а тоа е спорот со „ТАРБС“.

На 15 Мај, СДСМ најави дека излегува на плоштадите ширум Македонија со проектот „Работно лето“, а еден ден подоцна започна постапката за утврдување на кандидати за претстојните Локални избори. Власта со ново задолжување, овојпат во висина од 213 милиони Евра. Задолжена е цела Македонија, денешните, но и идните генерации. Лицемерието на ДПМНЕ по којзнае кој пат излегува на виделина. Советниците на Груевски во општина Карпош се противат на реновирањето на сите основни училишта на територијата на Општината. Веројатно затоа што градоначалникот не е од нивните редови! Но, градоначалниците од редовите на ДПМНЕ вложуваат во сопствените приоритети. Тоа не се децата, младите, инфраструктурата, инвестициите или гасификацијата, туку саморекламирањето.

Уште еден пораз за Македонија придонесе оваа Влада. Македонија од самитот на НАТО во Чикаго се врати без покана за членство во Алијансата. СДСМ побара итна Собраниска седница на која ќе се дискутира за ова и на која најодговорните во Владата ќе ја изложат Стратегијата за понатамошно дејствување. Продолжува неодговорното владеење на Груевски: се крати во здравството, никој повеќе не и верува на власта за економијата и прогнозите, Амнести Интернешнал и Американскиот Стејт Департмент констатираат влошување на состојбите во Македонија…

СДСМ ги потсетува граѓаните на сите капитални инвестиции изградени за време на владеењето на СДСМ, а се потсетува и на криминалната продажба во 4 очи на „ОКТА“ со потпис на Никола Груевски, „исчезнатите“ 7 милиони Евра од продажбата на Националната платежна картичка, оставањето на улица на 34.450 работници од страна на Никола Груевски со потпишувањето на „ФЕСАЛ 2“ аранжманот, како и катастрофалната приватизација на Телеком.

Кон крајот на месец Мај 2012 година, СДСМ предлага мерки за реформа на администрацијата, како и Стратегија за медиуми. На виделите целосно излегува политиката на лажен патриотизам кои 6 години ја спроведува Никола Груевски, а претседателот Црвенковски го повикува премиерот Груевски повторно на ТВ дуел. На 31 Мај 2012 година е остварена средба на СДСМ и ЛДП на која е констатирано дека соработката помеѓу сите партии од опозицијата треба да се интезивира“.


Јуни 2012 година –

На 1 Јуни 2012 година во Струмица започна проектот на СДСМ „Работно лето“ под мотото „Крени глас за иднината“, каде над 10 илјади граѓани на плоштадот му даваат поддршка на Зоран Заев да се натпреварува за нов градоначалнички мандат. „Време е народот да се крене. Ја добивме Марија Антоанета во Никола Груевски. Сосотојбите се полоши од било кога во Македонија, народот страда и тоа се гледа на секој чекор“, порачува претседателот Црвенковски пред присутните Струмичани, како и пред 10 илјадната публика која има можност да го следи митингот во живо на www.sdsm.org.mk. „Струмица ќе ја охрабри и цела Македонија“, беше пораката на потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев до интернет публиката.

СДСМ поднесува предлог пакет – мерки за негување на литературниот македонски јазик. Власта и понатаму си тера по свое, а спротивно на интересите на граѓаните таа не презема ништо против полициската бруталност. Започна реконструкцијата на сите основни училишта во Општина Карпош, а градоначалникот Јакимовски најави дека ќе ја гасифицира Општината по урнекот на Куманово и Струмица.

Велес беше градот домаќин на вториот протестно – промотивен митинг на СДСМ и здружената опозиција, каде за кандидат за градоначалник пред повеќе од 5.000 Велешани беше промовиран Аце Коцевски. „СДСМ е повторно меѓу народот и со народот“ беше дел од пораките кои претседателот на СДСМ ги упати пред бројната публика која митингот го следеше во живо на плоштадот и на интернет.

А на Илинденска власта продолжи да ја уништува економија и остава долгови. За само 4 месеци, Фондот за здравствено осигурување направи долг од нови 5 милиони евра, а по затворањето на А1, Време, Шпиц, Коха е Ре, власта ја укина и А2 телевизија.

СДСМ со нов предлог, овојпат со цел да се заштити јавната администрација од партиските влијанија.

На 14 Јуни 2012 година се одржа првата средба помеѓу СДСМ и Достоинство. Заеднички беше констатирано дека Македонија се наоѓа во катастрофална состојба и дека за жал работите одат од лошо кон полошo.

Владата на Никола Груевски го продолжи својот план за историски геноцид врз Македонскиот народ и нашите херои, менувајќи го местото на херојот Стив Наумов со крвникот Тодор Александров. „Стив Наумов го даде својот млад живот за да ние денес имаме своја татковина. Актуелната власт може само да сонува за придонесот кој тој го дал за македонскиот народ и држава“.

На протестно – промотивниот митинг во Штип беше промовиран кандидатот за градоначалник Здравко Коцев. „Доаѓа време за триумф на народната волја“, беше една од централните пораки на претседателот Црвенковски на митингот во Штип.

„Ова е хидроелектраната „Козјак“, најголемиот и можам да кажам единствениот енергетски објект изграден во периодот на независна Македонија. Вкупната инвестиција е 173 милиони долари. Ова е највисоката брана во Македонија, 126 метри, и една од највисоките во целиот регион“, рече претседателот на СДСМ при посетата на хидроелектраната изградена во времето на СДСМ.

Груевски продолжи да лаже дека вработува, а всушност тој со погубните политики продолжи да ги брише од евиденција невработените, а стотици илјади невработени ќе го изгубат правото на социјална и здравствена заштита. СДСМ предложи уште 3 економско – социјални мерки, со што бројот се искачи на 37 предлози. Беше побарано итно да се формира Национален бизнис совет, измени во Законот за МБПР и да се реализира проект „Стоп за рекламите – потребни се нови работни места“.

„Никогаш повеќе нема да се оддалечиме од народот! Никогаш повеќе ароганција во нашите редови. Или ќе бидеме народна партија или не заслужуваме да постоиме, истакна претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски на митингот под мотото „Крени глас за иднината” кој се одржа во Куманово. Пред преполниот плоштад беше промовирана кандидатурата на Зоран Дамјановски – Циц за нов мандат.

Власта, заедно со градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, фрлија преки 350 илјади евра за изградба на споменик и величење на крвникот на Македонскиот народ, Тодор Александров. Во исто време здравството продолжи да се дави во долгови. За 3 години власт на ДПМНЕ, долговите пораснале за неверојатни 80 проценти. Состојбата со слободата на медиумите на страшно загрижувачко ниво. Сите независни и критички медиуми се затвораат од страна на власта. Реагираа и од „Репортери без граници“ велејќи дека „затворањето на А2 е направено на „апсурден и нечесен” начин, а наводните заложби на Владата за решавање на проблемите во медиумската сфера се нарекуваат „лажна реформа”.

28 Јуни 2012 година – средба помеѓу претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски и претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски. „Состојбите во многу области се катастрофални, државата се движи во погрешна насока, економијата пропаѓа, сиромаштијата се зголемува, демократијата во Македонија е суспендирана, евроатлантските интеграции на земјата се целосно загрозени. Чувствуваме заедничка обврска, делејќи ги овие заеднички оценки да направиме се за државата да се врати во нормален колосек, да биде повторно слободна и демократска како би можеле во еден таков амбиент секој со своите разлики да излезе пред граѓаните и да ја бара довербата. Некој ќе биде на власт, некој ќе биде во опозиција, меѓутоа Македонија ќе биде на вистинскиот пат“, рече меѓу другото, лидерот Црвенковски.

На крајот на месец Јуни 2012 година се одржа протестно – промотивниот митинг на СДСМ во Прилеп, каде пред повеќе од 9 илјади присутни и повеќе од 10 илјади кои го следеа митингот он лајн беше промовиран кандидатот за градоначалник, Хари Локвенец.


Јули 2012 година –

Уште во Јули 2012 година, СДСМ предупреди дека власта има намера да ги крати платите во здравството и ја повика Владата да се откаже од таа намера. СДСМ ја повика Владата веднаш да ги запре сите планови за нови градби во центарот на Скопје, особено на плоштадот „Македонија“, но и да ги вгради препораките на ОБСЕ / ОДИХР за Изборниот законик. 87 милиони eвра беше најновото задолжување кое актуелната власт и го приреди на Република Македонија. СДСМ уште еднаш ја повика власта да престане со непродуктивните трошења и да почне да штеди!

Во рамките на посетата на Крива Паланка, претседателот на СДСМ објави дека во секоја општина во која ќе победи СДСМ, ќе се воведе гасификацијата која ќе им го олесни животот на граѓаните и стопанството.

„Сончогледи не ни требаат! Ајде конечно да се преброиме и да видиме кој пат оваа земја ќе го избере – кон минатото или иднината. Нека избере народот меѓу криминалот на Вашата 1 фамилија и иднината на 500 илјади фамилии во Македонија“, истакна претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски на митингот на кој беше претставен Др. Горан Младеновски за кандидат на опозицијата за градоначалник на Крива Паланка.

Проектот „Работно лето“ освен што ги охрабри граѓаните и ја покажа се помасовната поддршка за СДСМ, ја натера власта да исполнува и некои од подзаборавените ветувања.

Статистиките и понатаму останаа немилосрдни за Македонија – 41% од граѓаните кои се сиромашни се млади до 39 години, а власта повторно по свое: ЈП “Македонски шуми” се луксузира со невкусна реклама.
СДСМ побара од Владата Законот за минимална плата да важи веднаш, наместо од 2015 година, како и да се вратат бистите на хероите од НОБ.

„Народот си ја сака државата назад!“, беше речено меѓу другото од страна претседателот Црвенковски на митингот во Богданци. За кандидат за градоначалник беше промовиран Зоран Прочков.

Се подготвува ново поскапување на струјата, предупреди СДСМ на 16 Јули 2012 година. Откако Груевски е на власт двојно беше поскапена цената на струјата. Рекорно пораснаа и цените на нафтата и бензините. СДСМ побара барем еден предлог да биде прифатен од Влада со цел да се ублажи ценовниот шок. Најново, СДСМ предложи Владата привремено да се откаже од дел од акцизата на бензините, како што тоа го направи пред Парламентарните избори во 2011 година.

На 18 Јули 2012 година се случи средба помеѓу претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Беше постигнат првичен договор за техничка соработка за Локалните избори.

Власта продолжи со обидите за уништување на здравството. Министерот Тодоров со уште една изјава дека „најдобрите доктори се од ВМРО ДПМНЕ“, а најавуваната бесплатна здравствена картичка стана уште еден начин за собирање на „арач“ од граѓаните.

„Г-не Митровски, излезете малку од вашите климатизирани простории, откажете се за момент од друштвото на министрите и другите владини функционери. Симнете се малку меѓу граѓаните, меѓу работниците, бидејќи нив ги претставувате. Оставете ја владата сама да си ги брани своите економски политики, а вие пробајте да го зачувате достоинството на работниците“, беше апелот кој СДСМ го упати до Синдикатот.

Комисијата за лустрација започна со јавно жигосување на граѓаните. СДСМ ја предупреди јавноста, дека на мета нема да бидат само соработниците на службите, туку и оние кои биле предмет на обработка и оние кои случајно се нашле во извештаите на службите.

„Никола, народот се обединува против тебе“, претседателот на СДСМ упати порака до премиерот Груевски од Неготино. СДСМ ја промовираше Силвана Филипова за кандидат за градоначалник. Груевски продолжи да лаже и за инвестициите. СДСМ му порача: „Македонија не ти верува“. „Да можевме сите да живееме во спотовите на премиерот, кај ќе ни беше крајот? Но, оваа наша Македонија е сосема поинаква од онаа од рекламите на Груевски. Во право си Никола кога велиш дека доаѓа време за пресметка помеѓу овие две Македонија. Ајде конечно да се преброиме и да видиме кој пат оваа Македонија го избрала — кон иднината или кон минатото. Да видиме кој ќе победи! Нека одлучи овој наш граѓанин. Дали сака да живее во постојан страв и со наведната глава или демократски, мирно и спокојно. Секој наш човек во свое име и во името на своите деца нека одлучи. Јас таа одлука ја чекам со огромна желба и радост“, рече Црвековски пред огромниот број граѓани во Охрид. Александар Петрески, актуелниот градоначалник на Охрид ќе се бори за нов мандат во името на СДСМ и опозицијата.


Август 2012 година –

„Фридом Хаус“ ја спушти Македонија за 20 места на ранг листата за човекови права, по што повторно Македонија е во друштво со Афричките земји. Нов, најнов „дострел“ и „успех“ на власта на Груевски.
Владата преку Регулаторната комисија го потврди она што СДСМ предупредуваше – струјата поскапе за дополнителни 10 проценти, а беше укината и дневната ефтина струја. СДСМ побара итно да се повлечат овие одлуки! За време на одморите, власта продолжи со поскапувањата. Поскапе и парното греење, а сите оние кои се исклучиле од Топлификација ги задолжи да плаќаат месечен надоместок. Народот со право почна да се прашува што е следно што ќе поскапи.

СДСМ праша каде завршуваат парите за субвенции освен кај партиските функционери и нивните блиски роднини и пријатели. Владата продолжи да мижи пред газењето на правата на работниците. За таа цел СДСМ предложи усвојување на Пакет – превентивни мерки за заштита на работниците. СДСМ побара од Владата цената на бензинот да се намали под 65 денари за еден литар. За таа цел, СДСМ на власта и го понуди проектот „Без реклами до поефтин бензин“.Дури 67 проценти од граѓаните на Македонија не и веруваат на Владата на Груевски, покажа истражувањето на „Евро Барометар“.

„Дали постои паралелизам и во безбедносниот сектор? Дали сите униформирани лица во АРМ се под команда на НГШ, или дел од нив имаат други команданти? Дали Врховниот Командант на вооружените сили е тоа што треба да биде според Уставот за дел од тие сили или е Врховен Командант на сите припадници на вооружените сили?“, праша СДСМ по поклонувањето на делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Бесими на споменик на УЧК.

„Огромен број училишта се притиснати од финансиски проблеми. Работат без соодветно греење, а децата користат стари и валкани тоалети, иако владата и премиерот наголемо правеа кампањи за реновирање на санитарните јазли. Студентите ги чекаат стипендиите и по шест месеци, а Владата им должи и на превозниците кои ги возат учениците. Затоа ја повикуваме Владата да престане да ги троши народните пари за споменици и реклами. Искористете ги средствата барем за дел од акутните проблеми во образованието“, беше истакнато на партиска прес конференција.

„Не е време за неопределеност и стоење на страна од ова што ни се случува со актуелната власт“, беше една од пораките на претседателот Црвенковски искажана на митингот во Крушево под мотото „Крени глас за иднината“. На митингот беше промовирана кандидатурата за градоначалник, Ташули Јуца. Поради серијата поскапувања и на прехрамбените производи, а особено на лебот, СДСМ побара од Владата на Груевски да се откаже од ДДВ-то за храната. За жал Владата се оглуши и на овој добронамерен предлог и продолжи да работи спротивни на потребите на граѓаните.

„Ако не беше Слупчане, ќе ти текнеше ли на бранителите“, го праша претседателот Црвенковски премиерот Груевски на митингот во Ресен. На митингот, за кандидат за градоначалник на Ресен беше промовиран Јордан Проевски.

„Кога Гордана Јанкуловска ќе ги превземе сите неопходни мерки за да утврди кој во државните институции му земал или му барал мито на бизнисменот Мите Јовановски за да тој може да се занимава со нафтен бизнис? Кои функционери на ВМРО ДПМНЕ се вмешани во овој скандал?“, поставено прашање од партиската говорница по интервјуто во неделникот „Фокус“.


Септември 2012 година –

„Има од што да се плашат. Си ги знаат тие своите гревови. А, имаат и од кого да сде плашат. Гледаат дека на народот му прекипе, дека овој народ не сака веќе да ќути и не им се плаши. Доаѓа време да ги положат сметките, да се соочат со народот. Ги чекаа голема казна!“, беше централната порака на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски од митингот во Кавадарци. За кандидат за градоначалник беше промовиран Бетиане Китев.

Владата завлегува во нов криминал. За изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица сепак избрана грчката фирма, иако побарала дури 40 милиони евра повеќе. Во меѓувреве, речено – сторено. Карпош во новата учебна година влегува со сите училишта реновирани. Владата станува се поголем зависник од задолжувања. Кабинетот на Груевски веќе не може да функционира без странски и домашни кредити и задолжувања. Цехот се разбира ни останува нам, граѓаните на Република Македонија.

Магаш, Магаш, Магаш… „адутот“ на ДПМНЕ за кој одржаа 17 прес конференции да ти бил обичен, ефтин глумец. И тоа во реално шоу. Погледнете една епизода со него во главната улога. ДПМНЕ и ДУИ јавно се препукуваат, а тендерската соработка зад кулисите продолжува со идилично темпо. Бизнисот со реклами цвета, реклами платени со народни пари. Уште еден врв на луцемерието – додека ДПМНЕ и ДУИ се караат, на граѓаните им пуштаат реклами за меѓунационално помирување и толеранција.

Спротивно на Законот, сменети имињата на училиштата во Чаир. Во Владата и ДПМНЕ молк. СДСМ праша како ќе реагираат и како ќе спречат овој тренд да не се прошири? Додека граѓаните и фирмите штедат и мака мачат да го поминат месецот, Владата и владините функционери се луксузираат. Покрај веќе предложените 37 економско – социјални мерки, СДСМ предлага уште 3 работи кои треба да се направат со цел преживување.

Власта продолжува да сее медиумски мрак. Советот за радиодифузија упорно се обидува да најде причина да ја затвори телевизијата БОМ, која најави дека ќе емитува програма со дел од екипата на поранешната А1 телевизија. Недемократскиот карактер на власта уште еднаш излегува на површина. Судот, на барање на власта, го забранува штрајкот на лекарите. СДСМ најостро реагира. Груевски најавува ново задолжување од дури 250 милиони евра. Економско – социјалниот совет на СДСМ одржа итна седница и донесе конкретни препораки кои беа јавно претставени.

На 19 Септември 2012 година, СДСМ го промовира проектот „Отвори врата за иднината“. „Преку трибините и средбите со граѓаните, се уверивме дека неговиот досегашен ангажман е прифатен од граѓаните и дека тие би сакале Петар Спасов повторно да биде на чело на нивната општина“, Петар Спасов номиниран по втор пат да ја бара довербата во име на опозиција од страна на граѓаните на општина Ново Село.

Власта по којзнае кој пат ги ангажираше своите режимски платеници, кои глумеа контра протести пред седиштето на СДСМ. Цената: 500 денари по човек и задолжително потпишување за потврда на присуството. Демократија, што беше тоа?

Менде Диневски е промовиран за кандидат за градоначалник на Битола пред повеќе од 10 илјади луѓе на плоштадот и уште најмалку ист број луѓе кои го гледаа митингот он лајн. СДСМ поднесува интерпелација за оваа Влада на ДПМНЕ и ДУИ, објави претседателот Црвенковски. „Го правиме тоа без никаква илузија дека владата ќе падне, напротив, нашата цел е целата Македонска јавност да види како Бонева и Влатко Ѓорчев гласаат Бесими да остане министер за одбрана, нека види цела Македонија како сложно, сплотени гласаат да остане оваа тендерска коалиција на власт“, рече тој.


Октомври 2012 година –

СДСМ на 02 Октомври 2012 година ја поднесе до Собранието интерпелацијата за Владата, а на 05 Октомври 2012 година течеше расправата. Се заврши како што се очекуваше, ДПМНЕ гласаше за Бесими да остане министер за одбрана, а ДУИ за Јанкулоска и Кралев да останат министри за внатрешни работи и образование. Лицемерието на коалиционите партнери излезе на виделина пред целата јавност.

Статистиката повторно контра рекламите на власта – над 70 проценти од платата оди на основните производи.

СДСМ повторно предлага, а власта на ДПМНЕ ја одбива мерката со која се предвидува на социјално загрозените семејства да им се доделува ваучер од по 2.000 денари за купување на прехранбени производи од македонско потекло. Предложениот Закон за граѓанска одговорност за клеветата и навредата ја разбрануваа медиумската јавност. СДСМ побара од владејачкото мнозинство или да понуди подобар текст на законот или да ги прифати предложените амандмани.

Немаме страв од закани ваши,
Никој од вас веќе не се плаши,
Народ се буди, слобода се раѓа,
Пазете луѓе владата ќе паѓа!

Ечеше по плоштадите, рестораните, како и од мобилните телефони. Се подготвува централниот митинг во Скопје.

СДСМ повторно застана цврсто против кратењето на правата на работниците, а цените растат единствено поради неинвестирањето во енергетиката. СДСМ побара Владата да им помогне на вработените во Охис и Ремонт на пруги, да го укине данокот на капиталната добивка, како и полицијата, а не приватни агенции за обезбедување да ги чуваат спомениците.

На 23 Октомври 2012 година, ЛДП, ВМРО — НП, Обединети за Македонија, Достоинство и официјално се здружија со Опозицискиот фронт предводен од СДСМ. Оттогаш, целата македонска опозиција е здружена.

„Прогласена“ е и најбогатата уметничка од Македонија – милионерката Валентина Стефановска. Промовирани кандидатите за градоначалник на Скопје и скопските општини непосредно пред централниот митинг на здружената опозиција.

„За да работите во оваа земја се придвижат во правилна насока потребна е промена на генералниот курс на државата. А за него се одлучува на парламентарни избори. Па тогаш во март нека бидат и локални и предвремени парламентарни избори. И нека се знае веќе еднаш кој пат ќе го фатиме. Нека реши конечно народот за што е. За оваа твојава Македонија или оваа наша Македонија! Бараме избори! Бараме парламентарни избори во март!!“, порача претседателот Бранко Црвенковски пред повеќе од 70 илјади присутни на плоштадот „Македонија“ и десетиците илјади кои го следеа митингот во живо на интернет преку www.sdsm.org.mk .

Месецот го заокружи уште еден скандал – директорот на ЈСП Турс претепа девојка. СДСМ со серија прес конференции побара тој да биде разрешен и санкциониран.


Ноември 2012 година –

Власта почна да ги раскрчмува и државните резерви на нафта се со цел да го покрие сопственото расипништво.

На 04 Ноември 2012 година беше конституиран Советот за образование и наука на СДСМ.

СДСМ побара примателите на социјално да добијат бесплатни дрва за огрев, а Македонија помина уште една година без спроведен попис. Власта започна со сценариото за спроведување на изборен фалсификат. Ваква иста режимска матрица на штанцање нови доселени гласачи можевме да ја видиме во Србија за времето на Милошевиќ. Министерот за здравство, Никола Тодоров со уште една „генијална идеја“. Распиша оглас на кој можат да конкурираат само генијалци. СДСМ побара во интерес на граѓаните да биде повлечен дискриминаторскиот оглас.

Најчувана тајна во Македонија останува долгот на Владата кон стопанството, а СДСМ побара од власта да покаже дека има Стратегија за влез во ЕУ, како и да ги повлече сите фалични учебници. Кого штити ДПМНЕ во скандалот со „Телеком“, праша СДСМ од партиската говорница, а предупреди и дека заткулисната игра на ДПМНЕ и ДУИ добива загрижувачки размери.

Уште еден сериозен обид за изборен фалсификат излезе на површина. На само четири месеци пред изборите се појавија списоци на луѓе кои по партиски налог се вработуваат во Скопските јавни претпријатија. СДСМ веднаш побара одговорност од директорите фатени на дело. Власта продолжи да ги влошува состојбите во Македонија, високото образование се повеќе тоне, а власта направи штета на над 300 илјади граѓани кои ги користат услугите од вториот пензиски столб.

Апелациониот суд од Битола го ослободи Душко Илиевски од монструозните обвинувања на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека е дилер на дрога. Во секоја нормална демократска држава, после ваква пресуда на Апелациониот суд, најмалку, министерката за внатрешни работи ќе си поднесеше оставка.

Катастрофално мал број на странски инвестиции во Македонија. За цели 9 месеци Владата успеа да привлече само 44 милиони евра.


Декември 2012 година –

На почетокот на месец Декември 2012 година, СДСМ испрати писмо до Светска банка со кое ја извести дека СДСМ ќе ги искористи сите расположливи механизми во парламентот за да се спречи рапидното задолжување на земјата “за сите буџетски потреби” кои ја прават земјата зависник од нови задолжувања за да се задоволат основните буџетски потреби.

СДСМ и Здружената опозиција со свој потпис ја поддржаа граѓанската иницијатива „АМАН“ и ги повикаа сите граѓани кои чувствуваат дека се изиграни од ваквиот однос на Регулаторната комисија масовно да излезат и да го дадат својот потпис на граѓанската иницијатива на „АМАН”, со што спорните одлуки на Комисијата ќе се најдат на повторно разгледување пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

На партиска прес конференција, СДСМ побара воведување на ново кривично дело „необјавување и прикривање на јавен долг“.

Централниот одбор на СДСМ заседаваше на 15 Декември 2012 година. Беа донесени повеќе заклучоци, меѓу кои и планот за штедење вреден 204 милиони евра и барањето членовите на Комисијата за лустрација да си поднесат оставка.

Клубот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст организираше хуманитарна акција „Дарувај од срце“ со цел собирање на топла облека и обувки за онаа категорија на луѓе која што им е најпотребно.

ДПМНЕ започна со обвинувања дека СДСМ го кочи Собранието, иако всушност, снимките кои целата јавност можеше да ги види кажуваа друго. Опозицијата упорно и неуморно се бореше за граѓаните, обидувајќи се да ја натера Владата да престане да ја задолжува земјата, а во исто време да троши за владин луксуз, но Владата и владејачкото мнозинство не попуштаа, покажувајќи колку се зависни од нови кредити и задолжувања.

Кандидатот за градоначалник на Скопје на плоштадот „Македонија“ ја отвори „Канцеларијата на идеи“.

Владата и владејачкото мнозинство решија на сила да го усвојат Буџетот за 2013 година, без притоа да ги прифатат барањата на граѓаните и СДСМ за штедење и пренасочување на средствата за споменици кон основните потреби за граѓаните ширум Македонија. Вељаноски ги заклучи вратите во Собранието и им оневозможи на пратениците да дискутираат по Буџетот во матичната Комисија за финансирање и буџет.

Грубо беше прекршен Уставот а Република Македонија, Законот и Деловникот на Собранието, а Владата усвои нов Буџет кој спротивно на овие акти го стави директно на пленарна седница. Пратениците на СДСМ и опозицијата останаа и преноќија во Собранието со цел да го спречат упадот во Уставот и правниот систем на Република Македонија.

СДСМ свика вонредна седница на ЦО, по што беше организирано мирно собирање пред Собранието на Република Македонија.

24 Декември 2012 година, Понеделник – Владата на Никола Груевски изврши упад во демократијата, инсталирајќи автократски систем во Македонија. Собраниското обезбедување брутално ги исфрли пратениците на опозицијата од Собранието, удирајќи ги, мавајќи ги… Сето тоа се случуваше пред очите на Собранискиот спикер и министрите за внатрешни работи и финансии.Неколку минути претходно, власта насилно ги одвлечка и исфрли и претставниците на јавноста – новинарите, снимателите и фоторепортерите од галеријата во Собранието.

Граѓаните се собраа пред Собранието во знак на протест, а власта повторно организираше контрапротести на истата локација, како и пред седиштето на СДСМ, хушкајќи народ против народ. Вакво сценарио, Балканот не памети од владеењето на последниот балкански диктатор, Слободан Милошевиќ.
Во знак на протест и револт, опозицијата следните денови продолжи со полчавни мирни блокади за демократија низ цела Македонија, а за 29 Декември 2012 година беше закажан мирен протест пред зградата на владејачката ДПМНЕ – местото од каде се даваат сите наредби и од каде се уништува демократијата и слободата во Македонија.

И за време на протестот, власта ја злоупотреби својата моќ, наредувајќи и на полицијата да ги стопира автобусите кои од цела Македонија се упатија кон Скопје.

„Во понеделникот Никола Груевски го згази Уставот на Македонија. Од тогаш веќе Македонија не е нормална и демократска, туку партиско — полициска држава. Груесвки не стави пред следниот избор: Или ќе замолчиме, ќе ќутиме, ќе бидеме замолчани или ќе се кренеме! Да избориме за нашаат слобода, за нашата иднина и нашата демократија. Трето нема. Секој што мисли да се фемка, седи дома, ќе остане да живее во оваа Македонија. За нас одлуката е донесена, враќање назад нема! Одиме до крај!“, рече претседателот на СДСМ пред насобраните граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он