А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Македонија нема птичји грип, подигнато нивото на внимателност

by А1он02/11/2017 - 16:15152
Share0

По последниот случај на авијарна инфлуенца (птичји грип) во февруари годинава, во Република Македонија досега не е потврдено присуство на оваа болест ниту кај живината, ниту кај дивите птици, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Добивај вести на вибер

По информациите за присуство на птичји грип во европски и држави од регионот, АХВ го подигна нивото на внимателност.

Останува на сила обврската за одгледувачите на живина да пријавуваат зголемена смртност во јатата и сомнителни случаи на угинувања на диви птици или преселници.

Заради спречување на ширење на вирусот на птичји грип, Агенцијата, како што информира, континуирано носи решенија за забрана за увоз на живи животни и производи и нус производи од живина од земјите и регионите каде е потврдено присуството на оваа болест.

– На 15 ноември АХВ почнува со спроведување активности за надзор на „авијарна инфлуенца“ во Република Македонија што, кој секоја година се реализира преку земање крв од живина и диви птици за утврдување евентуално присуство на птичји грип, велат од АХВ.

Болеста најчесто се шири преку птиците преселници кои се сметаат за нејзин резервоар и од неа првенствено заболуваат птиците.

– Бидејќи станува збор за период на активност на дивите птици и преселниците, апелираме до одгледувачите на живина да преземат превентивни мерки за намалување на ризикот од појава или пренесување на оваа болест во јатата. Препорака е живината да се држи подалеку од области кои се посетувани од диви птици, да се контролира пристапот до одгледувалиштата на живина на луѓе и опрема, да се отстранат предмети од одгледувалиштето кои може да привлечат диви птици, да се одржува хигиена на имотот и објектите во кои се држат живината и опремата, да не се внесува живина/птици од непознат статус на болеста во јатото/одгледувалиштето, да се води евиденција за болни и угинати птици, соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина, препорачува АХВ.

ahv

Би можело да ве интересира

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 15:0301/07/2025 - 15:03

АХВ забрани увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Горан Наумовски10/06/2025 - 11:51

АХВ казни 14 месарници: Продавале небезбедна храна и ја занемариле хигиената

Горан Наумовски04/05/2025 - 15:30

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски21/04/2025 - 09:5021/04/2025 - 09:50

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

Катерина Ѓуровски13/04/2025 - 10:06

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски24/03/2025 - 11:4724/03/2025 - 14:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен