ВИДЕО: Инцидент пред суд, лице со „експлозив“ и се закануваше на полицијата

Од:

Неколку полицајци пред Врховниот суд интервенираа откако едно лице се приближи до нив при што им се обрати. Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го приведоа.

Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими од Арачиново кој околу половината бил нареден со некаков вид на импровизиран “експлозив“ од петарди и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот Ибраими е приведен од страна на припадниците на МВР.

Во Врховниот суд денеска се соопшти пресудата за 37-темина обвинети во случајот „Диво Насеље“ каде загинаа осуммина припадници на македонската полиција и десет лица од вооружената група. На обвинетите им се суди за тероризам и терористичка организација.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Објавено видео од полицијата како пука во напаѓачот во Германија

Ученик од Косово со нож избоде наставничка во Германија, полицијата го застрела напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Глисер се залета на брегот: Луѓето бегаа во паника

Предраг Петровиќ

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Нови детали за претепувањето на Словенците во Хрватска: Со палка и ја скршија главата на девојката

ВИДЕО: Обезбедувачи претепаа словенечки туристи на плажата во Умаг, меѓу нив и девојка

Предраг Петровиќ