Речиси три години го промовирањето моноволуменското возило „Ц4 Кактус“, „Ситроен“ нуди редизајн модел со нешто поумерен надворешен изглед.
Во однос на моделот од 2014, редизајнираниот автомобил од страните ги нема големите „ербамп” лајсни, првично замислени да го штитат лимот на вратите од помали оштетувања на паркинзите.
Новиот „Кактус“ е достапни во вкупно девет бои на каросеријата и со пет различни верзии на бандажи од 16 и 17 инчи.
Во својата основна верзија моделот е опремен со трицилиндерски небзиски мотор од 82 коњски сили и петбрзински мануелен менувач.
Рестилизираниот „Ц4 Кактус“ ќе се појави на пазарот на почетокот на 2018 година, а цените на моделите засега не се соопштени.