Јапонскиот автомобилски производител „Мазда“ на својата домашна публика и претстави ново спортско „Вижн Купе“ и „Каи Концепт“ – компактен хечбек со пет врати, кои всушност ја најавуваат следната генерација на „Мазда 3“.
Новите возила беа претставени на токискиот Автосалон, кој почна денеска.
Освен големите маски за ладилници, забележливи се и тесните фарови сместени длабоко во предните крила на автомобилот, кои се и понагласени отколку кај досегашните модели на „Мазда“. Двата концепта имаат изразит спортски изглед.
„Вижн Купе“ е луксузна купе лимузина со спортски изглед.
Внатрашноста на возилото се одликува со минималстички, но луксузен дизајн, со украсни елементи од дрво, табла со аналогни инструменти и дигитален дисплеј сместен на горниот дел.
„Каи Концепт“ пак, е возило со пет врати обликуван во духот на Кодо дизајн, но се чини серискиот модел ќе има поумерен и конвенционален изглед.