Јапонскиот технолошки гигант Сони соопшти дека конструирале роботско куче, наречено АИБО, коешто може да оствари емоционална врска со луѓето.
Роботот ќе Ви пружи љубов. Ќе Ви биде наклонет и приврзан и ќе покажува радост кога ќе се играте со него или додека го галите.
„Миленичето“ има два ОЛЕД панела кои можжат да прикажат бројни чувства и расположенија, а неговото тело е доста флексибилно и подвижно. Однесувањето на кучето пак, е прилагодливо, оти тоа всушност го учи и помни она коешто неговите сопственици ги чини среќни.
АИБО има и интернет конекција, па така може да контролира и други куќни апарати.
Најголемата маана на роботчето е тоа што неговата батерија трае само два часа, по полнење од три часа.
Направата на пазарот во Јапонија излегува од 11 јануари наредната година. Ќе чини приближно 1.700 долари, што е скоро двојно помалку од неговиот претходник.