Работилница за „Зајакнување на судската независност и транспарентност преку ревизија на судската одговорност“

Од:

Здружението на судиите на Република Македонија, Амбасадата на САД и CEELI институтот од Прага, денеска и утре во Охрид организираат меѓународна судска работилница за зајакнување на судската независност и транспарентност преку ревизија на судската одговорност.

На научно – стручната расправа ќе се дебатира за судската реформа во насока на обезбедување правични и транспарентни механизми за одговорност на судиите како претпоставка за независност при слободно судско одлучување, за судската одговорност, професионализамот и интегритетот во перспектива на незавиност на судиите, за дисциплинската, кривичната и граѓанската одговорност на судиите во контекст на судското одлучување и нивното влијание врз судиите.

Ќе се дебатира и за обезбедување транспарентна постапка и минимални процесни гаранции за заштита на судиите – субјект на дисциплинка постапка, како и за улогата на судовите во евалуација на работата на судиите во дисциплинска постапка.

На научната расправа ќе се обратат американски, домашни и регионални судии кои, како што велат организаторите, имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики како и да ги дискутираат другите судски примери од практиката.

Финалните препораки од расправата, во вид на заклучоци ќе бидат земени во предвид за натамошни измени и дополнувања на законските решенија.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО