Предавање за влијанието на насилството врз децата и адолесцентите

Од:

„Познато лице-Насилството во животот на децата и адолесцентите“ е тема на предавањето на претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс што ќе го одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во текот на предавањето ќе бидат презентирани нови глобални податоци за распространетоста на насилството врз децата и негативните искуства од детството со цел да се добие претстава за големината на проблемот.

Предавањето ќе вклучи презентација на истражувања и нови докази од невронауката и психологијата за да се покаже директната поврзаност меѓу нивото на негативни искуства во детството со успехот во животот на возрасните.

Ќе бидат презентирани начините за спречување на негативните искуства во детството и поддршка на на жртвите од негативни искуства во детството, вклучувајќи интегрирани системи за заштита на децата, подобро опремени образовни системи и надминување на јавното табу околу оваа тема.

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Четири лица се уапсени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Девојче сакаше да се самоубие поради насилниот татко, а скопјанка скокна од возило за да се спаси од насилниот сопруг

За 24 часа: Полицијата интервенираше по пет пријави за семејно насилство, приведени двајца

Горан Наумовски

Хорор во Тетово: Насилна мајка го удираше своето тримесечно бебе од асфалт

Горан Наумовски