Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна на официјална посета на Иран, при што оствари средби со иранскиот претседател Хасан Рохани и врховниот верски лидер на Иран ајатолахот Али Хаменеи.
Али Хаменеи му порача на Путин дека Иран и Русија мораат да ја зајакант соработката со цел да ги изолираат САД и да воспостават мир на Блискиот исток.
– Целосното решавање на сириската криза бара силна соработка меѓу Иран и Русија. Нашата соработка може да ги изолира САД и да ја врати стабилноста, нагласи Хамени.
Рохани, наведе дека Русија е пријател, сосед и стратешки партнер на Иран, како и дека неговата земја сака да ги развива и да ги зајакнува билатералните односи.
– Договори што беа потпишани од двете земји за различни сфери, треба да бидат дополнително активирани во фаза на нивна реализација, посочи Рохани.
Иранскиот и рускиот претседател, на средбата исто така, разговарале и за борбата против тероризмот.