Пропаднаа преговорите за формирање нова влада на Северна Ирска

Од:

Протестанската Демократска унионистичка партија (ДУП) и католичката Шин Фејн (СФ) не постигнаа договор за состав на нова влада на национално единство во Северна Ирска, и покрај постигнатиот напредок во преговорите, изјави денеска британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир.

Тој нагласи дека под тие околности Лондон ќе биде принуден да воведе директна управува над покраината, за да обезбеди континуитет во работата на државните служби.

– Ниту една Влада не може едноставно да не работи и да дозволи тоа да се случи. Поради тоа сега ги правиме неопходните чекори за поднесување на нацрт-закон во британскиот Парламент, што на населението на Северна Ирска ќе му гарантира работење на државните служби, додаде Брокеншир.

СФ исто така соопшти дека преговорите со ДУП завршиле неуспшено.

– СФ е разочарана, бидејќи пропаднаа неколкунеделните преговори. Направивме се што е во наша моќ за да бидеме флексибилни, наведе лидерката на партијата Мишел О’Нил.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска