Ќе се печати алманах за литературните творби на младите автори од Делчево

Од:

Литературните творби од годинешниот конкурс „Книгата тивкиот пријател“ кој е во организација на Јавната градска библиотека (ЈГБ) „Илинеден“ во Делчево, ќе се најдат во алманах зад кој ќе застане издавачката куќа „Орион“од Делчево.

Со ова првпат творбите поезија и проза од младите автори од Делчево ќе добијат свое печатено издание.

Според афористичарот Миле Ѓорѓијоски, печатеното издание треба да излезе до крајот на оваа година.

– Од она што го прочитав, јас сум презадоволен и навистина творбите заслужуваат да ја видат светлината на денот во едно печатено издание. Си давам рок до Нова година, па тогаш и да го промовираме ова печатено издание, рече Ѓорѓијоски.

Печатеното издание на литературните творби ќе биде поттик и добра промоција на младите автори, смета наставничката по македонски јазик Маријана Стоименовска. – Досега ние пишувавме и творевме, но ова е начин на кој многу лесно ова ехо од поетски зборови и стихови ќе биде одраз да се слушне гласот од ова мало градче, на едни мали творци кои ќе го рашират творечкото дело ширум Македонија и надвор од неа, рече Стоименовска.

Директорката на ЈГБ „Илинден“ Анита Петровска истакна дека годинашниот литературен конкурс традиционално го организира библиотеката по повод Месецот на книгата, октомври, а има за цел промоција и поттик на љубовта кон книгата. – На денешниот настан беа доделени награди за 10 литературни творби. Младите автори твореа поезија и проза на темата „Книгата мојот тивок пријател“ и јас сум презадоволна од големиот интерес младите да творат, но и од квалитетот на пристигнатите творби, нагласи Петровска.

На денешниот настан беа промовирани и новите издание во градската бибилиотека „Илинден“ од Делчево, а се одржа и предавање за литературното творештво од роднокрајниот автор Миле Ѓорѓијоски.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка