Во експлозијата што се случи денеска во северниот дел на Јемен, загинаа 29 лица, а 17 други беа повредени, соопшти медицинската служба на бунтовниците Хути.
Новинската агенција Саба, со која управуваат Хутите, ја обвини коалицијата под саудиско раководство, која ја поддржува владата, дека го извела воздушен напад во областа Сахар. Таа објави дека 21 лице загинало, а деветмина се повредени, од кои сите биле цивили.
Воздушниот напад погоди преполн пазар во Сахар, регион во кој доминираат Хутите.