Малки: Палестинците се уште чекаат на американскиот план за мир

Од:

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки денеска изјави дека „Палестина се уште чека“ американската Администрација да ги претстави своите идеи и план за постигнување мир, истакнувајќи дека комуникацијата со САД во врска со тоа ќе продолжи.

Во изјава за радиото Глас на Палестина, Малки ја повтори подготвеноста на Палестинците да соработуваат во американските напори за заживување на мировниот процес, во надеж дека тоа ќе го натера Израел да ги почитува меѓународните закони и резолуции или да „доведе до потврда дека Израел е страната која ги опструира и оневозможува напорите за постигнување договор кој ќе стави крај на окупацијата“.

Малки рече дека целта на израелските планови во Источен Ерусалим не е само менување на демографската рамнотежа во градот, туку и поткопување на решението за две држави и спречување на создавање палестинска држава во соседството.

Тој додаде дека израелските власти планираат да стават крај на присуството на Арапите во Ерусалим до 2020 година и да го претворат Ерусалим во еврејски град со многу расистички закони.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ