Чешкиот претседател Милош Земан денеска на лидерот на центристичката популистичка партија Акција на незадоволните граѓани (АНО), Андреј Бабиш му врачи мандат за формирање нова влада на Чешка.
На заедничката прес-конференција, по доделувањето на мандатот, Земан најави дека доколку Бабиш овој пат не успее да формира влада, ќе му даде и втора шанса, доделувајќи му го мадатот и по вторпат.
Бабиш од своја страна, изјави дека ќе се обиде да формира малцинска влада, откако останатите осум парламентарни партии објавија дека не сакаат да преговараат со него за формирање владина коалиција.
Тој изрази надеж дека сепак Чешка ќе добие нова влада до крајот на годината.
АНО победи на парламентраните избори во Чешка, одржани на 20 и 21 октомври, освојувајќи 78 пратеници во 200-члениот Дом на пратениците на чешкиот Парламент.
Остантите осум партии, кои на изборите освоија меѓу шест и 25 претници, соопштија дека не сакаат до коалицираат со Бабиш, со образложение дека тој не е соодветен кандидат за премиерската функција, бидејќи против него постојат обвинувања за злоупотреба на фондовите од ЕУ во времето додека беше министер за финансии.