Крива Паланка додели осум општински стипендии за талентирани ученици

Од:

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за талентирани средношколци и студенти за учебната/студиска 2017/2018 година.

Општината додели шест стипендии за средношколци кои ги исполниле условите согласно конкурсот, од кои со најмногу поени, прворангирана е Ана Величковска, со 168 бодови. Право на стипендија од општината во висина од 3.000 денари месечно освоија и Камелија Алексовска, Бојана Спасовска, Вера Петкова, Александар Тасевски и Иван Митовски.

Доделени се и две од планираните вкупно четири стипендии за студенти. Право на општинска стипендија со износ од 3.000 денари месечно, девет месеци во годината остварија Марија Спасовска и Милка Цветаноска, додека една од апликантките не ги исполнила сите пропишани услови, се наведува во објавената ранг листа на веб страната на општина Крива Паланка.

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студират во училиштата и факултетите во Македонија и се редовни ученици и студенти. Учениците треба да имаат континуиран одличен успех од 4,50, а студентите во претходните години на студии да имаат постигнато просечен успех над 8,50. За сите важи да имаат освоено награди за поединечно освоено прво, второ или трето место на меѓународни, државни или општински натпревари од областа на науката, техниката, културата, уметност и спортот, односно област соодветна на нивното образование.

Основни критериуми се апликантите да се жители на општина Крива Паланка и македонски државјани и да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании. Студентите не треба да се постари од 25 години.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори