Амбасадорката на БиХ ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Од:

Состојбата на заедниците кои се под 20 проценти, нивната правична застапеност во админстрацијата, образованието на мајчин јазик и промовирање на нивната култура биле тема на средбата на амбасадорката на БиХ, Лепа Бабиќ во Агенцијата за остварување на правата на заедниците со директорите Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ.

Како што соопштија од Агенцијата, директорот Рахман зборуваше за позицијата и улогата на АОПЗ, како и потребата од измени на законот со кој ќе се зголемат ингеренциите на ова тело. Џелал Хоџиќ, се додава, ја информираше амбасадороката Бабиќ за идните планови на Агенцијата, како и активностите во месец ноември, кои се резултат на обновената соработката со ОБСЕ.

– Амбасадорката Бабиќ ги информираше Рахман и Хоџиќ за договорите кои Македонија и Босна и Херцеговина наскоро треба да ги потпишат, како и плановите за подобрување на соработката во полето на образованието. Амбасадорката напомена и дека се прават сериозни напори да се воспостави авио линија Скопје-Сараево, стои во соопштението.

На состанокот, се додава, станало збор и за потребата од редовна соработка помеѓу Амбасадата на БиХ и АОПЗ, а заменик-директорот Хоџиќ побарал АОПЗ да биде дел од агендата кога во посета на Македонија доаѓаат претставници на институциите од Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Зајкова со честитка за Меѓународниот ден на Ромите – инклузивноста не е луксуз, туку основа на секоја вистинска демократија

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова отповика осум амбасадори

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on