Апелациониот суд одлучи лидерот на ВМРО-ДДПМНЕ, Никола Груевски да остане без пасошот. Тој нема да може да патува надвор од земјата.
Со одлуката на Апелација се одбива барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој преку адвокатите го бараше пасошот од судот, бидејќи му требал да излегува од земјата.
Вчера неговите адвокати ја приложија поканата од унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Груевски е првообвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности заедно со неговите сопартијци и поранешни министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.