Осуммина убиени, 14 повредени во израелски напад на тунел во Појасот Газа

Од:

Осуммина милитанти се убиени, а 14 повредени кога израелската војска синоќа уништи тунел, кој се протега од Појасот Газа до Израел, јави ДПА.

Бригадите Изедин ал Касам, военото крило на движењето Хамас, кое ја контролира крајбрежната енклава, соопшти дека еден од загинатите е нивен член. Други двајца убиени се борци на Исламски џихад , помала организација во Појасот Газа.

– Израелската армија уништи „терористички тунел” од израелската страна на границата, соопшти синоќа нејзиниот портпарол. Тој рече дека Израел го смета движењето Хамас одговорно за „нарушување на израелскиот суверенитет”.

– Кој и да се обиде да ни наштети, ние ќе го повредиме, предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Хамас оцени на Твитер дека нападот е „нова војна против народот на Газа”.

– Нашиот одговор на ова кривично дело ќе биде даден во вистинскиот момент, изјави за новинарите портпаролот на Исламски џихад.

За време на војната во Појасот Газа во 2014 година Хамас користел мрежа од тунели за да складира оружје, или како засолниште при израелските бомбардирања, но и за да организира напади врз Израел.

Би можело да ве интересира

Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

А1он

ВИДЕО: Најсмртоносен напад на Хезболах на Израел, убиени петмина

Катерина Ѓуровски

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Новиот шеф на Хезболах: Напуштете ја нашата земја, ако останете ќе платите

Најмалку 19 загинати Палестинци во новиот израелски напад на Газа

Хезболах тврди: Нетанјаху е исплашен бидејќи е наша мета

Горан Наумовски