Ухуру Кенјата, е прогласен за победник на претседателските избори, кои беа бојкотирани од опозицијата. На повторените избори, Кенијата доби 98 отсто од гласовите.
Додека неговите приврзаници славеа, поддржувачите на неговиот ривал, Раила Одинга, се судрија со полицијата во Најроби.
Изборната комисија соопшти дека само 40 отсто од регистрираните гласачи учествуваа на изборите – два пати помалку отколку на претходното гласање на 8 август, чии резултати беа поништени поради обвиненија за неправилности и фалсификат.
Кенијата рече дека очекува неговиот конкурент Одинга повторно да ги оспори резултатите пред судот.
Во немирите во Кенија досега загинаа околу 40 лица.