Општина Охрид почнува со решавање на проблемот со бездомните кучиња

Од:

Општина Охрид презема активности за решавање на долгогодишниот проблем со кучињата – скитници во градот.

Како што најави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, проблемот со бездомните кучиња ќе се решава етапно, по фази, а за почеток се планираат активности на доброволна основа преку соработка со Здружението за заштита на бездомни животни „Анималија“.

– Решавањето на проблемот не е донесување краткорочни решенија, туку истиот треба да решава на подолг рок во соработка со соседните општини Струга, Дебрца и Ресен. Првично ќе се спроведува проект за стерилизација, нега и згрижување на животните, а истовремено ќе се бара локација за траен стационар за бездомните животни. Преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе се аплицира за набавка на опрема и обука на вработени од ЈП„ Охридски комуналец“, рече Стојаноски.

Во насока на решавање на проблемот денеска се одржа и координативен состанок на надлежните општински служби со претставници на СВР – Охрид, на ЈП „Охридски комуналец“, Центарот за развој на Југозападниот плански регион, на граѓански организации.

Мирјана Лозаноска, раководител на Центарот за развој на Југозападниот регион, појасни дека во прва фаза ќе се пристапи кон набавка на опрема и обука на по две екипи од сите општински комунални претпријатија кои ќе ги заловуваат животните, а избрана ветеринарна служба ќе спроведува нивна стерилизација.

Лозаноска нагласи дека согласно постоечките законските одредби после стерилизацијата животните ќе треба да се вратат на местото каде се заловени.

– Понатаму во следна фаза би се пристапило кон изградба на стационар за животните, и тоа регионален, бидејќи повеќе општини се заинтересирани за решавање на истиот проблем со кој се соочуваат, додаде Лозаноска.

Во моментов во Охрид во рамките на ЈП „Охридски комуналец“ само формално постои шинтерска служба која воопшто не функционира, додека за бездомните животни се грижат само волонтери на Здружнието „Алнималија“. Во изминатиот период беа регистрирани неколку слуачи на напади на кучиња врз луѓе, како и чести случаи на труење на животните што претставува кривично дело.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност