Eмбедед талент програма во организација нa Сеавус

Од:

На 20-ти ноември, започнува талент програмата за вгнездени (eng.: embedded) системи, во организација на Сеавус. Програмата опфаќа двонеделен тренинги една недела практична работа на реални проекти. Практичната работа не е задолжителна.

Темата на овој тренинг е корекција и доработка на Linux оперативниот систем и изработка на прилагоден Linux оперативен систем за користење во вгнездени системи. Предавањата и тренинзите ќе ги водат експерти од Сеавус од областа на вгнездените системи.

Програмата е наменета за дипломирани или студенти на последната година од студиите на некои од техничките факултети. Студентите ќе бидат избрани по пат на интервју или тестирање на нивните знаења за програмскиот јазик C и користење на Линукс опертивниот систем. Оттука, потребно е основно ниво на нивно познавање.

На крајот од програмата, најдобрите и највреднитеучесниците ќе се стекнат со можност за вработување во Сеавус ембедед тимот кој работи на слични проекти за големи интернационални компании.

Часовите ќе се одвиваат во работните денови, во периодот од 09.00 до 15.00 часот.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на career.seavus.com, најдоцна до 15-ти номеври 2017 година: http://career.seavus.com/job-opportunities/job/embedded-talent-program

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска