Канадските безбедносни сили времено ја прекинаа воената помош во Ирак поради тензиите меѓу ирачката армија и курдските борци, соопшти канадското Министерство за одбрана.
Во очекување за наоѓање решение меѓу ирачките Курди и Багдад, канадските сили ја прекинаа мисијата за обука и помагање на ирачките сили во северниот дел на Ирак. Канада во февруари 2016 година тројно го зголеми својот контингент во Ирак, кој моментно брои 210 војници.
Ирачката Влада вчера ги прекина операциите против курдските сили согласно договорот за решавање на кризата, која започна по одржувањето на референдумот за независност на Ирачки Курдистан на 25 септември.