Општина Карпош денеска и утре ја организира традиционалната 22-ра хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“.
Акцијата ќе се одржува од 10 до 13 часот пред поголемите супермаркети на територија на Општина Карпош, а граѓаните ќе може да донираат на брендирани штандови кои ќе ги постави Општина Карпош.
Манифестацијата се одржува по повод Денот на Општина Карпош, 3-ти Ноември и има за цел да се приберат прехранбени продукти и средства за хигиена за семејствата од Карпош кои се наоѓаат на социјалните маргини.
– Сите граѓани кои вообичеано пазарат во овие денови од викендот може да донираат по некој производ со што ќе дадат значителен придонес кон акцијата, велат од Општината.