Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, денеска присуствуваше на свечена академија организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“, по повод првата годишнина од основањето.
– Основањето на ваквите институции за мене претставува чекор кон перспективите и придонес кон иднината, иднина која бара посветеност во борбата за да се избегне злото и за да се служи на доброто, рече заменик претседателот на Владата.
Тој, исто така потенцираше дека Владата ќе продолжи да дава целосна поддршка во развивањето на овој универзитет.
– Владата дава силна поддршка во развивањето на овој универзитет и досега ги извршуваше сите обврски, имајќи предвид изградба на објектите и создавање неопходни услови во нив за постигнување на бараните стандарди, со цел развивање квалитетен образовен и академски процес, рече Лика во обраќаето на свечената академија.