Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска ја повика Европската унија да постигне напредок во преговорите за Брегзит.
– Имам порака за нашите европски пријатели и партнери: дојде време да ги продолжиме преговорите и да преминеме кон втората фаза, изјави Џонсон за време на официјалната посета на Португалија.
Тој смета дека е очигледно оти треба да се постигне договор по ова прашање.
– Но, не можеме да го сториме тоа се додека продолжува доцнењето на преговорите со нашите европски партнери, рече Џонсон во Лисабон.