Откриена мувла во млечната чоколада „Банат“ на Свислајон-Таково, која се извезува и во Македонија

Од:

Инспекцијата во Србија повлече од пазарот 4,3 тони од млечното чоколадо „Банат“, поради откриена мувла.

При редовна инспекција во магацините на фирмата „Банат 1894“ Д.О.О. од Вршац, која работи во рамките на „Свислајон-Таково“, инспекторите открија мувла, поради што и наложија на компанијата да ја повлече целата серија на млечното чоколадо (со висока содржина на млеко) „Оригинал Банат“ во пакување од 90 грама.

– Дел од оваа серија на чоколадото „Банат“ е извезен и во Македонија, изјави Ненад Вујовиќ, началник на земјоделската инспекција која ја откри оваа неправилност при контрола во магацините на фирмата.

Инспекцијата констатирала дека откриената мувла во чоколадото т.е нехигиенската неисправност на производот се должи на долгиот период на складирање во магацините.

Како што стои на сајтот на компанијата „Свислајон-Таково“, чоколадото е повлечено поради откриени отстапувања во однос на референтните вредности пропишани со правилникот.

Компанијата во соработка со Министерството за замјоделство ги информира потрошувачите кои ја купиле оваа серија на чоколадото дека можат истата да ја вратат на производителот заради замена.

Компанијата „Свислајон“ е во сопственост на Родољуб Драшковиќ, кој фабриката за чоколади „Банат“ од Вршац ја купи минатата година од фирмата „Бамби“ од Пожаревац.

Оваа фабрика месечно произведува околу 2.000 тони чоколадо, од кои 60 проценти се пласираат на извозните пазари, меѓу кои и во Македонија.

Медиумите во Србија потсетуваат дека „Свислајон“ во ноември минатата година беше во центарот на скандалот околу спорните каши за деца „Јувитана“.

Би можело да ве интересира

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра