(ВИДЕО) Данев: СДС врши изборен криминал

Од:

„Изборите во недела беа најнерегуларните избори во историјата на независна Македонија, тоа го потврдуваат фото и видео материјалите кои секојдневно ги објавуваат медиумите од кои јасно се гледа како бил вршен изборниот криминал од страна на СДС.

Медиумите на албански јазик вчера објавија фотографии од кои се гледа како во одредени избирачки места низ државата се повредува тајноста на гласањето. Ова почитувани граѓани е недозволиво и надвор од законот. За вакви законски прекршувања казната затвор е најмалку три години.

Гласањето се врши лично и истото е тајно. Овие лица на фотографиите кои гласаат во групи, но и членовите на избирачкиот одбор кои го дозволиле истото, директно го прекршуваат Изборниот законик. Имено чл.173 ст.1 од Изборниот законик вели: „Гласањето се врши во затворена просторија која ги исполнува условите за остварување на лично, слободно и тајно гласање на избирачите“.

За прекршување на чл.173 од Изборниот законик, следува санкција според чл.163 ст.1 од КЗ со што е предвидена казна затвор од најмалку три години за лицата кои ќе ја повредат тајноста на гласањето.

Ова е сериозно кривично дело за кое медиумите објавија фото материјал, но нема реакција од МВР и ЈО, институциите молчат и не реагираат пред очевидниот криминал на власта, како што не реагираа и во одредени други случаи објавени во медиумите, а кои индицираа на тежок изборен криминал и сето тоа фото и видео документирано.

МВР и надлежните институции не реагираат и со тоа го легитимираат изборниот криминал на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги повикува ОБСЕ и ОДИХР да не замолчуваат пред ваков очигледен изборен криминал.

Од ден во ден станува се појасно дека е извршен тежок изборен фалсификат под заштита на власта. СДС на изборите од првиот круг ја погреба демократијата и правната држава.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги потсетува сите оние кои охрабрени од моменталната власт вршат изборен и секаков друг вид на криминал, со мисла дека нема да одговараат за своите криминали, дека со враќањето на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија ќе одговараат согласно закон, а од казната нема да избега никој“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски