Ратас: Естонија го поддржува проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Од:

Естонија го поддржува проширувањето на Европската унија и интеграцијата на земјите од Западен Балкан, изјави естонскиот премиер Јури Ратас на денешната средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ.

Ратас истакна дека земјите кои постигнале значаен напредок во настојувањето за присоединување кон ЕУ, треба да имаат можност за интегрирање во тој процес.

– На претседавачот Човиќ му препорачав земјата да продолжи со неопходните реформи. Стабилноста на западноевропските земји и евроатланската интеграција се многу важни за ЕУ и Естонија, но не помалку важни се очекувањата на граѓаните на Босна и Херцеговина дека нивната земја ќе се движи со брзо темпо кон ЕУ, нагласи естонскиот премиер.

Европската унија им додели кандидатски статус на Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора. Босна и Херцеговија поднесе барање за членство во Унијата во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт