Анѓушев: Новиот закон за енергетика согласно препораките на Енергетската заедница

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во Брисел се сретна со белгиската министерка за енергетика, животна средина и одржлив развој Мари Кристин Маргхем со која разговараше за моменталната позиција на Македонија во делот на енергетиката и за идните планови и перспективи на Владата во енергетскиот сектор.

– Македонија подготвува нов закон за енергетика во кој ќе биде имплементиран Третиот енергетски пакет на Европската унија и мерките препорачани од Енергетската заедница. Иднината во енергетиката ќе се базира на обновливи извори на енергија, преку рационален, одржлив и исплатлив концепт, истакнал Анѓушев.

Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност до членките на ЕУ за поддршката искажана во спроведувањето на политиките на македонската Влада и истакнал дека таа посветено работи на спроведување на најавените реформи со цел интеграција на Македонија во Европската Унија.

– Македонија се стреми кон целосна интеграција кон ЕУ и во тој процес Владата смета дека клучна е соработката со земјите членки, како што е и Белгија, и користење на нивните искуства, особено во делот на усогласување на националната регулатива со европските прописи. Споделувањето на информации и искуствата од земјите членки се клучни за интеграцијата на Македонија во ЕУ, подвлекол Анѓушев.

Министерката Маргхем порачала дека Македонија може да очекува поддршка од Белгија во евроинтегративниот процес и оти очекува односите меѓу двете земји да продолжат да се интензивираат.

Вицепремиерот Анѓушев ги презентирал и мерките од владиниот План за економски раст и порачал дека странските инвеститори, вклучително и оние од Белгија, се добродојдени да инвестираат во Македонија.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции