Турција: Извозот на земјата во 2023-та година да достигне 500 милијарди долари

Од:

Турција има за цел во 2023 година, на 100-годишнината од основањето на Република Турција, извозот на земјата да достигне 500 милијарди долари, објави турскиот информативен сајт „Ворлд булитин“.

Анкра си постави за цел во 2012 година нејзиниот извоз да биде во вредност од 150 милијарди долари, а успеа да оствари извоз од 152 милијарди долари.

Еден од најважните чекори што треба да ги прземе земјата за остварување на предвидениот извоз во 2023 година, е да дојде до нови и алтернативни пазари. Поради тоа, Турција сака да оствари пробив на пазарите во земјите од Блискиот Исток и Африка, кои имаат потенцијал за развој, изјави Мехмет Бујукекси, претседател на Асоцијацијата на турските извозници.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул