Кениската полиција се судри со опозициски демонстранти во неколку места. кои важат за упоришта на опозицијата, за време на денешните претседателски избори во Кенија.
Во главниот град Најроби, полицијата употреби солзавец и пукаше во воздух за да растури демонстранти собрани пред ибирачки места во неколку од најсиромашните делови на градот.
Инциденти имало и во Кисуму и Мигори во западот дел од Кенија.
Кенијците денеска гласаат за претседател, избирајќи меѓу актуелниот претседател Ухуру Кенијата и опозицискиот лидер Раила Одинга.
Кенијата победи на изборите што се одржаа на 8 август, но судските власти ги поништија изборите поради неправилности.