Производителот на автомобили „Сеат“, кој работи во рамките на германски „Фолксваген“, соопшти денеска дека ќе го пресели своето регистрирано седиште од Каталонија, доколку биде доведена во прашање правната безбедност во тој регион.
Претседателот на „Сеат“, Лука де Мео во писмо им порача на вработените дека компанијата се уште не донела таква одлука.
– Политичката стабилност, правната безбедност и регистрација во ЕУ се клучни за оваа компанија, кога станува збор за работниците, економската стабилност и довербата на акционерите, се наведува во писмото.
„Сеат“ во Каталонија има повеќе од 14.000 вработени лица.