Со цеременија во палатата Дусид во главниот град на Тајланд, Бангкок официјално почна петдневниот погреб на тајландскиот крал Бумибол Адуљаде.
Церемонијата всушност е подготовка за преместување на урната до златниот крематориум изграден минатата година.
Традиционално телата на починатите членови на кралското семејство се чуваат исправени во урна, но Бумибол и неговите покојни мајка и сестра избраа да бидат ставени во ковчези, додека урната е поради обичајот.
Голем број граѓани цела ноќ чекаа на пороен дожд за да упатат последен поздрав до кралот, кој во Тајланд е славен речеси како божествен.
Бумибол почина во 13 октомври 2016 година.