Средба Димитров – Пацоли во МНР

Од:

Интензивирање на севкупната билатерална политичка и економска соработка, со акцент на инфраструктурната и енергетска соработка се во фокусот на денешната официјалната посета на шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли на Македонија.

Серијата разговори во Скопје, Пацоли изутринава ги почна со својот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. По средба Димитров и Пацоли ќе одржат заедничка прес-конференција.

Шефот на дипломатијата на Косово, во текот на денов ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и од премиерот Зоран Заев.

Посетата ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионалните организации.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија