Во Словенија две деца починаа како последица на вирусна инфекција

Од:

Словенечките здравствени власти предупредуваат на ризиците кои за малите деца ги претставува вирусната инфекција на дишните патишта, акутниот бронхитис, од чии последици за помалку од три седмици во Љубљана и во околината починаа две деца.

Откако поради еден вид аденовирус во декември акутен бронхитис добија повеќе деца во една љубљанска градинка, забележан е и смртен случај на 15-месечно девојче, а вирозата продолжува.

Повикувајќи се на болнички извори, љубљанските медиуми ја потврдија и смртта на двегодишно девојче од околината на Љубљана кој крајот на минатиот месец од истите компликации.

Директорот на инфективната клиника во Љубљана потврди дека во последните денови во Љубљана е зголемен бројот на болните со бронхитис, посебно меѓу бебињата и децата помлади од пет години.

Лекарите тврдат дека станува збор за сезонско заболување кое поголем дел од децата го прележуваат дома, но можни се компликации, посебно кај малите деца.

Компликациите со смртен исход се ретки и годишно се регистрираат од три до пет такви случаи, а најзагрозени се малите деца со срцеви и респираторни заболувања.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Заразата се шири: Смртоносниот вирус веќе стигна во Европа

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја